Хорор во Делчево: Насилно и влегол дома и ја силувал

0
109

Oсновното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело „силување“ од член 186 став 1 од Кривичниот законик.

Како што денеска соопштија од Јавното обвинителство, осомничениот во саботата на 31.10.2020 година во вечерните часови, насилно влегол во семејната куќа на оштетената, каде со употреба на сила ја присилил на обљуба.

Јавниот обвинител по донесување на наредбата за спроведување на истражна постапка, до Основниот суд Кочани достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од судот, па на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО