Црвенковски го замрзна членство во СДСМ, повика итно да се свика ЦО на партијата

0
64

Поранешниот Претседател на држават и основачот и долгогодишен Претседател на СДСМ Бранкo Црвенковски го замрзна членство во партијата и повика итно да се свика Цебтралниот одбор на партијата.

Во изминативе 7 години се решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата. Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавност за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати. Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава

Се обраќам до вас почитувани сопартијци за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата. Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни, Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ. До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. – истакна во обраќањето до јавноста Бранко Црвенковски.