Црна Гора воведе полициски час од 19 часот

0
84

Националното координативно тело за инфективни болести на Црна Гора (НКТ) денеска донесе одлука за скратување на работното време на угостителските и услужните субјекти за два часа и за толку да се продолжи периодот на забрана за напуштање на станбени згради, соопшти Владата на Црна Гора, пренесува „Вијести“.

„Поради исклучително сложената епидемиолошка состојба, НКТ, на предлог на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, одлучи да го скрати работното време на угостителски и услужни дејности од сегашното 07:00 – 20:00 часот до 07:00 – 18:00 часот, и да ја продолжи забраната за напуштање на објектотите на домување од тековната 21:00 – 05:00 на 19:00 – 05:00 часот следниот ден. Мерките ќе се применуваат од среда, 25 ноември 2020 година од 00:00 до 8 декември, сè додека не се продолжи примената на мерките донесени на 13 ноември – се нагласува во соопштението.

Во соопштението се додава дека НКТ, имајќи ја предвид епидемиолошката состојба од една страна и економската состојба од друга страна, повторно донесе „добро избалансирани мерки со цел да ги погоди граѓаните, економијата и претприемачите што е можно помалку и да го даде очекуваниот резултат