Јани Макрадули официјално генерален директор на Пошта

0
60

Поранешниот заменик-министер за животна средина Јани Макрадули од вчера е генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Владата во понеделникот му предложи на Надзорниот одбор на Пошта да го избере Јани Макрадули за член на Управниот одбор на ова друштво кое е во државна сопственост.. Тој доаѓа на местото на Ејуп Рустеми кој во меѓувреме стана директор на ЈП „Државни патишта“.

Инаку Владата веќе го задолжо министерот за економија Крешник Бектеши и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, да подготват физибилити-студија која треба да покаже дали приватизација или јавно приватно партнерство на „Македонска пошта“ е подобар начин за приватизација на компанијата.