Јанша: Интересно, го слават победникот, а судот сè уште не одлучувал

0
142

Премиерот на Словенија Јанез Јанша рече дека е интересно да се слави победникот на претседателските избори во САД, а судовите сè уште не донеле одлука за жалбите.

Интересно. Поднесени се жалби во сите американски држави со тесен резултат. Судовите сè уште не почнале да одлучуваат. Сепак, главните американски медиуми (а не некое официјално тело) го прогласуваат победникот. Честитки пристигнуваат од сите страни. Тоа е владеење на правото, напиша Јанша на Твитер.