39 годишен Стружанец барал изнуда во висина од 20.000 швајцарски франци

0
89

ОВР Струга до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Н.(39) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Тој, на 10.10.2020 во Струга, на 59-годишен жител на селото Франгово упатувајќи му закани, побарал да му го исплати наводниот паричен долг од неговиот син во износ од 20.000 швајцарски франци.