Информацијата за Канал 5 ја потврди Билјана Гагачовска Директор на болницата во Битола. Таа вели дека младиот пациент бил примен во ковид-центарот на 16-ти ноември, без коморбидитети. Ден потоа со тест му бил потврден корона висрус, но бил во добра состојба. Во текот на вчерашниот ден кога се делел ручекот, избегал од ковид-одделот каде што бил хоспитализиран.
За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР, директорот на болницата и епидемиолог. Околу 18 часот лицето било пронајдено во неговиот дом во тешка здравствена состојба и со возило на Итна медицинска помош бил донесен назад на инфективното одделение. Починал во 18.45 часот.
И Министерството за здравство ја потврди информацијата за пациентот кој што вчера претпладне ја напушти Битолската болница и потоа откако беше вратен на инфективното одделение и реанимиран од страна на дежурната ковид-екипа, ја загуби битката со корона вирусот.
Се повеќе млади луѓе умираат од компликации на ковид-19. Се поставува прашањето дали починатите имале неоткриени хронични болести кои што им ја влошиле состојба или вирусот станува погубен и за младите лица, без коморбидитети.