Апасиев го праша Заев дали е точно дека купувал пратеници со 300.000 евра

На денешната прва седница за поставување на пратенички прашања до владата, меѓудругото, пратеникот на Левица, Димитар Апасиев го праша премиерот Заев, дали е точно дека после предвремените избори купувал пратеници со 300 илјади евра.

Дали е вистина, или шпекулација, дека од периодот после изборите до конституирањето на македонскиот Парламент – јули-август, сте направиле обид да купите пратеници, пратени преку ваши струмички пајташи, за цена во кеш пари, во вреќи, која се движела од околу 300.000 ЕУР? Ова се однесува на двајца пратеници од власта, кои не се во СДС и тројца пратеници од опозицијата, кои не се ДПМНЕ”, праша Апасиев.