ВИДЕО) Тројца убиени во терористички напад во Чеченија

Три лица се убиени, двајца напаѓачи и еден полицаец, во понеделникот во терористички напад со нож во Грозни, потврди челниот на кавкаската руска република Челенија, Рамзан Кадиров, потврдувајќи дека е познат идентитетот на напаѓачите.

Како што прецизира Кадиров во објавата на социјалните мрежи, напаѓачите со ножеви нападнале полициски службеници припадници на службата за патролирање со цел да им го одземат оружјето.

„Полицаец беше убиен. Напаѓачите беа убиени во возвратен оган. Исто така, повреден е еден полициски службеник. Неговата состојба е стабилан. Нема жртви или настрадани меѓу цивилното население“, објави Кадиров на својот профил на мрежата Telegram.

Чеченскиот лидер истакнува дека идентотетот на напаѓачите е утврден, и оти станува збор за двајца браќа по потекло од соседната севернокавкаска република Ингушетија, исто така со доминантно муслиманско население во кој се активни џихадистички терористи. Без да ги именува, Кадиров наведува дека браќата во 2021 година се доселиле во Чеченија и оти „работеле во една од пекарниците“.

Кадиров, кој лично се појави на местото набрзо по нападот, оцени дека напаѓачите се „кретени без идеја и совест, кои не ја виделе војната“.

Засега други поединости за нападот во Грозни, не се објавени.