Владата предлага продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни

Оттаму потврдија дека ќе достават до Собранието предлог за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година, согласно предлогот и направената процена од Центарот за управување со криза.

,,Владата на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија, се наведува во владиното соопштение.

Со владина одлука ќе се отвораат и скијачките центри, но по посебни протоколи. Редари ќе треба даконтролираат да не се прави гужва пред билетарниците и ски центрите, додека работата на угостителските објекти на терените ќе се ограничи само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

По девет месеци епидемија од коронавирусот и вкупен број од 1792 починаати владата денеска го појасни протоколот за погреб на починатите од ковид 19 истакнувајќи дека не е правно нормирано тие да се закопуваат во метални сандаци.

,,Подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест КОВИД-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице, ВЕЛАТ ОД Владата.

На агендата се враќа и изградбата на нов клинички центар. Владата на предлог на министерството за здравство го утврди предлог законот предлог законот за реализација на проектот „Нов Универзитетски клинички центар”. Предлог законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање на заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, објаснуваат од Владата.