За прв пат Општина Брвеница доби своја градинка

За прв пат Општина Брвеница доби своја градинка. На отворањето присуствуваше Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Министерката Шахпаска, рече дека ова е четврта отворена нова градинка во Македонија за време на мандатот од нејзината партија, а има потреба за уште повеќе вакви нови образовно – воспитни институции. Потребата од градинките е голема. Доказ за тоа е интересот на граѓаните за упис на своите деца во овие установи и нивната беспорекорна работа во време на пандемија.

Градоначалникот на Општина Брвеница Енвер Пајазити кој 12 години управува со општината, истакна дека новата градинка била еден од најголемите приоритети на општината.

Министерката Шахпаска, рече дека се уште се разгледува и разработува предлог законот недела – неработен ден. Во петок ќе се одржи средба и состанок со економско- социјалниот совет, каде ќе се слушнат и нивните мислења барања и сугестии околу новиот предлог закон.