Има 33 милиона евра за Макпетрол, а немаше 10 илјади евра за Лазе

СДСМ и Зоран Заев го изгласаа криминалниот закон за „Макпетрол“ со кој од џебот на народот директно на контото на оваа компанија ќе се префрлат 33 милиони евра.

Наместо спогодба помеѓу државата и Макпетрол, Заев бегајќи од одговорност, во Собранието си изгласа закон со кои си го легализира криминалот.

Сега на потег е претседателот на државата Стево Пендаровски кој треба или да го одобри овој криминал на власта и Заев и да го потпише законот или да стави вето.

Според Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, Заев со народни пари сака да си купи медиумски простор, но и да го наполни џебот на еден олигарх.

Колку само лесно Заев му додели средства на сметка на олигархот на Макпетрол, кога се во прашање неговите лични интереси. Но, кога се работи за интересите на граѓаните, тогаш Заев не покажува особена грижа за нивните потреби и барања и секогаш ги препушта сами на себе, сами да се снаоѓаат кој како знае и умее.

Околу 80 луѓе настрадаа од короната и многу семејства поминаа низ пекол, борејќи се за животите на своите најблиски. Но, Заев и Владата која тој ја предводи не успеава од почетокот на кризата до ден денес, за овие десет месеци да изнајдат решение како да го спречат ширењето на заразата. Наместо Владата да ги инвестираше тие 33 милиони евра во здравството, таа реши тие пари да му ги подари на газдата на Макпетрол.

Оние семејства кои ги загубија најблиските, а нивната бројка не е мала, тоа се 2500 животи кои ја изгубија битката со короната, до крајот на животот ќе живеат со мислата дека можеби ако владата ги уложеше тие 33 милиони евра во борбата со ковидот ќе беа спасени. Еден од последните случаи, жртва на ковидот е Лазе Најдовски. Изминатиот период за Најдовски во јавноста се ширеа апели за негово лекување, но за жал тој не успеа да победи во битката со короната. Неговата здравствена ситуација драстично се влоши како последица на Ковид-19, по што граѓаните активно се вклучија да му помогнат со цел лекувањето да продолжи во приватна болница.

РЕПУБЛИКА