Први фотографии од местото на авионската несреќа во БИХ, веројатно удриле во карпа

Пронајдени се остатоците од авионот кој вчера исчезна од радарот над Националниот Парк Козара во БИХ. Загинаа една државјанка на Молдавија (31) со романски пасош, и државјанин на Србија (34).

Припадниците на МВР на Република Српска, ги пронајдоа остатоците на непристапен терен.

Авионот исчезнал околу 14 часот над Омарска, а веднаш е почната интензивна потрага која траела до ноќеска на полноќ, а продолжена е денеска од 8 часот.

Во спортскиот авион биле пилот и оператор. Авионот превезувал вакцини за животни, а аеродромот каде што требал да слета, пријавил дека го нема.

Мештанин рекол дека најверојатно авионот удрил во карпа.

„Тоа е непристапен терен, со многу карпи. Тоа место е познато како Кик и Црна Дамка. До место на несреќата е тешко да се дојде, дури и со теренско возило“, изјавил тој