Таканаречана патриотска група синоќа организира протест со колона возила во Херцег Нови, при што благодарение на реакцијата на црногорската полиција избегнат е инцидент со нивните политички неистомисленици, објави порталот ЦдМ.
Главните пораки кои можеле да се слушнат од колоната возила биле „Не ја даваме татковината“ и „Нерцег Нови не е српски град“, а од секој автомобил се вијореле црногорски знамиња.