Реката Пена порибена со 100 килограми риба Тетово

Во Тетово денеска беше извршено порибување на реката Пена од страна на претставници на здружението „Риболовец Вардар“ од Брвеница, како концесионер на риболовна зона во тетовскиот регион.

Во Пена беа пуштени 100 килограми риба. -Денес организираме порибување на река Пена и река Вардар, тоа е годишен план на Здружението Риболовец-Вардар од Брвеница која има задолжение да пориби секоја година еднаш во годината во просек по 100 килограми риба.

Има определено големина на рибата, така да денес одлучивме да порибиме овде кај Шарена џамија и со тоа да им докажеме на нашите рибари дека се порибува и да бидат свесни дека не треба злоупотребат тоа, изјави Стојанчо Анѓеловски, претседател на Здужението.

Тој апелираше рибарите да не ја прекршуваат забраната на рибиолов до април 2021 со цел да опстане рибата која е пуштена во реката.

-Не смее да се лови до април месец за да рибата да опстане. Во реката Пена само пастрмка има. Воедно со години немам слушнато дека во Пена е извршено порибување и така одлучивме да ја порибиме Пена и да го порибиме Вардар, исто така немаме слушнато дека е порибено во претходните години. Мислам дека ќе опстане, а во април месец ќе се залагам да порибиме, рече Анѓелковски.