Вест број еден денес во Бугарија не беше пристигнувањето на вакцините туку фактот дека, по многуте изјави колку треба да биде безбеден нивниот превоз и какви се услови треба да бидат исполнети, тие што беа препратени во другите градови беа превезувани – од комбиња за кренвишли и колбаси, а во Пловдив биле сместени во фрижидер стар околу 4о години, а единствено што му фалело бил катанец.
Како што јавија бугарските медиуми Бугарија денес доби 9.750 дози кои биле прифатени за складирање од страна на државното претпријатие „Бул Био“, а потоа некои од нив биле препратени во Пловдив и Бургас. Вакцинацијата ќе започне утре во овие два града, како и во Софија. Пренесувањето на вакцините во Пловдив и Бургас било организирано со комбиња за транспорт на кренвишли и колбаси, што наиде на потсмев и шегачење на социјалните мрежи.