Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето

Во своето обраќање, Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат на избори кои ќе бидат целосно безбедни по јавното здравје и својот глас да го дадат за Сашко Николов.

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче синоќа од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи.
– Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат, нагласи Филипче.