Шилегов: Спомениците од Скопје 2014 може да ги однесеме во депонијата во Ѓорче Петров

0
82

Шилегов не се откажува од идејата за дислокација на спомениците од Скопје 2014. Откако отстрани само еден споменик – тој на Ќосето, заглави во бирократија со Галиите на Вардар сега има нова идеја. Спомениците од Скопје 2014 да ги смести на депонијата во Ѓорче Петров. Замислата е таму да создаде мементо парк по примерот на Унгарија. А намерата е и ние да расчистиме, со оставштината како што рече од нашиот мал диктатор.

МЕНЕ НА ПРИМЕР МИ СЕ ДОПАЃА ИДЕЈАТА ДЕКА МОЖЕБИ ОНАМУ КАДЕ ШТО ЈА ИСЧИСТИВМЕ ДИВАТА ДЕПОНИЈА ВО ЃОРЧЕ МОЖЕ ДА НАПРАВИМЕ МЕМЕНТО ПАРК, ДА ГИ ДИСЛОЦИРАМЕ СИТЕ СТАТУИ ОД СКОПЈЕ 2014, ТАМУ. НА ПРИМЕР ТОА НЕШТО УНГАРИЈА ГО ИМА НАПРАВЕНО, СИТЕ СТАТУИ НА СТАЛИН ГИ ИМААТ ЛОЦИРАНО, ИЛИ ОБЕЛЕЖЈА НА КОМУНИЗМОТ ГИ ИМААТ СТАВЕНО ВО ЕДЕН МЕМЕНТО ПАРК. ЗОШТО ДА НЕ ГО НАПРАВИМЕ И НИЕ СО ОСТАВШТИНАТА ОД НАШИОТ МАЛ ДИКТАТОР.- РЕЧЕ ШИЛЕГОВ.