АА и Алтернатива: Албанскиот јазик треба да биде задолжителен предмет, како што е македонскиот јазик

0
98

Алијанса за Албанците и Алтернатива денеска реагираа на новиот концепт на образование кој предвидува учениците Македонци да можат да го изберат албанскиот јазик како изборен предмет. Според коалицијата, албанскиот јазик треба да биде задолжителен за учениците Македонци, исто како што македонскиот јазик е задолжителен за учениците Албанци.

Визијата на Алијансата на Албанците и Алтернатива е е комуникацијата меѓу граѓаните на двете најголеми заедници да биде во таква форма што секој од нив ќе зборува на свој јазик, но и ќе се разберат без никаков проблем.