Али Ахмети стана почесен доктор на науки, опозицијата со реакции

0
82

Како што изјавија од Универзитетот лидерот на ДУИ бил заслужен за унапредување на правата на Албанците, за вработување на над 20 илјади Албанци во администрацијата, официјализирање на албанскиот јазик и знамето во Македонија. На свеченоста Ахмети рече дека и понатаму ќе се залага за образованието на Албанците.

,,Не дојдов со подготвен говор. Дојдов да ви ветам дека и понатаму ќе работам на подобрувањето на албанското образование и на подигањето на вредноста на образовната инфраструктура и условите на универзитетите, затоа што само така можеме да бидеме конкурентни и да одиме напред. Тeмелите се поставени, сега само треба со знаење да бидеме конкурентни на сите полиња.

Почесната титула Ахмети ја доби во присуство на високи функционери од ДУИ, вклучувајќи ги собранискиот спикер Талат Џафери и вицепремиерот Артан Груби.

,,Денешниот чин не му прави чест на Али Ахмети, всушност му прави чест на Универзитетот на Тетово и на целата Албанската нација. Затоа што, како што вели и Ниче, „почитувањето на големите личности, ја возвишува нацијата”..

Универзитетот во Тетово не е на Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ – порачаа младите од Алијанса за Албанците и Алтернатива кои протестираа за време на свеченоста. Одлуката според нив е срамна и политизирана.

,,Од денеска, срамот има и свое име: доктор на науки Honoris causa. Универзитетот кој се издигна над крвта и потта на Албанците, не само во нашата земја, за жал падна во немилосрдните канџи на партизацијата на ДУИ.

Тетовскиот Универзитет е основан во 1994 година на основачкото собрание на иницијатива на Културната заедница на Албанците во Македонија. Беше непризнаен се до 2004та година, кога во Собрание се донесе закон со кој стана државен Универзитет. Прв ректор беше Фадил Сулејмани, а во моментов е професорот Вулнет Амети кој денеска му ја врачи титулата на Ахмети.