Археолозите во Мексико пронашле кула изградена од илјадници черепи (ВИДЕО)

0
101

Мексиканскиот национален институт за антропологија и историја (ИНАХ) соопшти дека експертите откриле уште 119 черепи.

Овој таканаречен столб на смртта бил откриен во 2015 година при реставрација на зграда во мексиканската престолнина. Научниците веруваат дека станува збор за столб кој бил дел од храмот на ацтечкиот бог на сонцето, војната и човечките жртви.

Черепите се наоѓале на голем ѕид на кој Ацтеките ги ставале черепите на жртвите што ги принесувале. Тој ѕид бил познат како Цомпантли на домородниот јазик нахуати, што било своевидна изложба за черепите на нивните обезглавени непријатели.

Вкупно, повеќе од 600 черепи биле пронајдени во петгодишните истражувања на Цомпантли, главниот ритуален ѕид во античкиот главен град на Ацтеките, Тенохтитлан. Сиудад де Мексико, главниот град на Мексико, е изграден врз неговите урнатини.

Цомпантли, цилиндрична платформа со дијаметар од 4,7 метри, се наоѓала во близина на Големиот храм. Овој ѕид, познат и како Кула на черепите, бил посветен на богот на војната Хутизилопохтли.

„Човечката жртва во Мезоамерика беше обврска што се воспоставуваше секој ден помеѓу луѓето и нивните богови, како начин што влијаеше на обновување на природата и обезбедуваше континуитет на животот“, објасни шефот на проектот Раул Бариер.