Ахмети- Бучковски: Договор со Бугарија е можен без ниту една последица врз јазикот и културата

0
103

Денес во Скопје, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети се сретна со поранешниот премиер Владо Бучковски задолжен од Владата на Македонија за спорот со соседна Бугарија.

Ахмети и Бучковски дискутираа за спроведувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија, актуелните ставови на двете страни и најдобрите начини за надминување на создадениот спор.

Ахмети даде потполна поддршка за интензивниот дијалог и изрази доверба дека решението е брзо достижно без ниту една последица врз јазикот и културата кои не се дел од спорот и дијалогот.

Европскиот дух на постигнување на договорот треба да преовладува и за време неговото спроведување, без одолговлекувања и како дел од преговарачката рамка на односите помеѓу соседите, но и во рамките на уставните определби за немање на територијални претензии спрема нашите соседи.