Ајирлија 13-тта „мајка“ за изградба на ХЕЦ Чебрен!

0
87

Денеска до 16 часот истекува рокот за поднесување на понуди од страна на компании за изградба на хидроелектраната Чебрен. Информациите се дека заклучно вчерашниот ден 67 правни лица подигнале тендерска документација, односно пројавиле интерес за овој проект. Надлежните засега не откриваат дали и колку фирми досега евентуално поднеле понуди. По истекот на рокот за подигнување на документацијата, мешовита комисија од повеќе институции ќе ги разгледа понудите. Досега за изградба на оваа хидроелектрана на Црна Река во јужниот дел од земјава, пропаднаа 12 тендерски постапки.