Бектеши: Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела

0
74

Дополнителен удар ќе им зададе и нова година, односно период од годината каде што бележат големи заработки. Од секторот информираа дека речиси и да немаат ангажмани за новогодишни патувања, па дури и посети на места во земјава, додека пак угостителите поради ограничувањата нема ни да ги организираат традиционалните забави.

-До крај на годината ќе гледаме да преживееме, предизвикот е многу голем да се опстане во оваа криза, сите менаџираат на начин кој можат, меѓутоа сите сме веќе пред крај со сите ресурси, истакна Мартин Ангеловски – Туристичко-угостителска комора

-На туризмот му треба навистина помош, бидејќи во моментов и изминатава година, поголем дел, се соочува со многу предизвици, како да опстои и како да преживее,вели Асим Меѓедовиќ – Потпреседател на здружението за туризам и угостителство.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека не се очекуваат дополнителни рестриктивни мерки во, туку напротив дека очекува олеснување на мерките со падот на новозаразени од коронавирусот.. Бектеши вели дека земјава пробува да се пробие на туристичкиот пазар, па оттаму смета дека угостителите треба да се иземат од законот за недела како неработен ден.

-Имајќи во предвид дека ние сакаме да го зголемиме во нашата држава и да привлечеме што повеќе туристи, секако дека секторот туризам би требало да работи во недела, изјави министерот Крешник Бектеши.

Секторот денеска имаше средба со Министерот за Економија, Крешник Бектеши, каде што ги претставија своите барања и се разговараше за понатамошна владина помош кон субјектите.

Во четвртиот пакет мерки е опфатена и поддршка за туристичкиот сектор, а веќе преку илјада субјекти аплицирале за грантот кој ќе го додели министерството. Бектеши извести дека помош ќе добијат сите што поднеле барање согласно јавниот повик.

Канал 5