Бектеши: Се размислува за дополнителни мерки за поддршка на угостителскиот сектор

0
63

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека се размислува за дополнителни мерки кои би биле во насока на поддршка на угостителскиот сектор по најновата одлука за скратување на работното време до 18 часот.

– Веќе почнуваме да правиме дополнителни анализи колку оваа мерка би траела и дали би имало потреба да се продолжи или не. Секако дека на почетокот на следната година ќе размислиме за дополнителни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на угостителскиот сектор, имајќи предвид дека тоа сме го правеле и претходно со сите дејности кои со одлука на Влада биле затворени или им било скратено работното време, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција