Бесплатните ги нема доволно, а комерцијалните воопшто

0
83

Досега во Тетово и петте околни општини има испратено околу 700 вакцини за хроночно болните и постарите лица. Сето тоа доведе до намалување на термините за вакцинација, велат матичните лекари. Од друга страна комерцијалните вакцини воопшто ги нема.

Лани до овој период за тетовскиот регион имале испратено 4000 вакцини, а досега само 700. Сето тоа доведе до намалување на бројот на термини за пациентите кои сакаат да извршат имунизација, велат матичните лекари.

Координаторката на матичните лекари од Тетово д-р Светлана Трифуновска, вели дека се бараат многу термини, кај еден доктор над 100 на ден , а се даваат петнаесетина.

Од Здравствениот дом, велат дека деновиве ќе пристигнат нови вакцини

Од друга страна комерцијалните вакцини воопшто ги нема.Сето тоа дополнително ја зголемува работата на матичните лекари каде се бараавакцина плус.

И од Центарот за јавно здравје Тетово, велат дека во секој момент ќе треба да пристигнат и комерцијалните вакцини