Боки 13 поднесе кривични пријави против функционери, лекари, судии

0
84

Овој пат спроведен од домашен притвор во кој се наоѓа од пред еден месец, во зградата на обвинителството влезе преку главната врата само во придружба на полицаец. Подоцна му се придружи и неговиот адвокат Сашко Дуковски кој по час и половина поминат пред обвинител, без да открива имиња, кажа дека Боки поднел 6 кривични пријави против повеќе лица меѓу кои доктори, функционери од власта и судии.

Дуковски тврди имаат докази за сите кривични дела кои ги наведуваат во пријавите. Меѓу нив е медицинската документација која беше доставена до обвинителството.

Од обвинителството велат дека ќе ги проверат сите наводи по што ќе се носи одлука како ќе се постапи понатаму.

Досега Боки 13 поднесе вкупно 20 кривични пријави. Во јули преку писмо информираше дека во нив се опфатени околу 40 лица наведувајќи дека се директно поврзани со случаите Рекет, за кој неправосилно е осуден на 9 години затвор, и Меѓународен Сојуз, судење кое е во доказна постапка за кој рочиште е закажано веќе за утре кога треба да се сослушаат вештаци