Борисов на средба со Бучковски: Решенија можат да се најдат на преговарачка маса

0
72

Отсекогаш верував дека решенија можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да им простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија, ако не најдат компромис што ќе даде перспектива, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов не средба со специјалниот пратеник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски.

Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, Борисов истакнал дека за изнаоѓање на одржливо и трајно решение за „преостанатите отворени прашања во билатералните односи“, потребен е „прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности