Бугарија: Захариева бара хероите да бидат заеднички, а не бугарски

0
140

Шефицата на бугарската дипломатија за германскиот јавен сервис вели дека единствениот начин Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ е со вметнување гаранции за почитување на Договорот во Преговарачката рамка.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека најголемиот проблем во односите со Северна Македонија се недоволните гаранции за спроведување на Договорот за добрососедство. Во интервју за германскиот јавен сервис АРД дадено на почетокот на декември, а објавено вчера, Захариева вели дека Софија нема да даде зелено светло за почеток на пристапните преговори се’ додека тие гаранции не станат дел од Преговарачката рамка. Дел од нив треба да биде и признавањето на „историската вистина“, како што ја формулира Захариева и притоа алудира дека во државната политика на Северна Македонија се уште владеат „тоталитарни методи“.

„Бугарија сака да биде признаена историската вистина. Тоа не беше проблем за Северна Македонија кога се потпишуваше Договорот – тоа заедничко минато кое треба да не’ поврзува, а не да не’ разделува.”

Ние не велиме: Овие херои се само наши. Ние велиме: Тоа се заеднички херои.
Тоа е модерно размислување на две земји, особено доколку сакаат да бидат заедно во ЕУ. Не може секојпат кога некој во Северна Македонија јавно ќе каже дека некој од овие херои бил Бугарин, да биде јавно линчуван. 30 години по падот на тоталитарните режими, тоталитарните методи и пристапи не смеат да бидат државна политика“, вели Захариева за АРД.