Бугарска блогерка за Захариева: Апсолутна брука од министер за надворешни работи!

0
78

Радосвета Василева, бугарска блогерка, која објавува написи и е цитирана од повеќе европски медиуми што се занимаваат со (Источна) Европа, а себеси се опишува како „правен научник, слободен мислител и социјален застапник, доктор по право и борец против корупцијата и кршењето на човековите права“, со жесток напад врз министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева.

„Ние имаме апсолутна брука од министер за надворешни работи. Екатерина Захариева е некомпетентна, неквалификувана и потчинета на интересите на Борисов.

Нејзиното последно интервју за ‘Ди Велт’ е… болно за читање“, објави Василева на Твитер.