Бугарските историчари во Комисијата инсистираат да не се споменува ништо „македонско

0
71

Се чини дека двете страни се уште подалеку од постигнување на компромисни решенија, а на површина испливуваат низа проблеми и недоразбирања, коишто го продлабочуваат јазот и водат до нула напредок во разговорите.
Пропадна уште еден обид македонските и бугарските историчари да се приближат во ставовите и да постигнат договор околу клучните прашања, околу кои се спори со месеци. Членовите на Комисијата се судрија околу придавката „македонски“, но и околу цар Самоил, па недоразбирањата ескалираа до тој степен, што и македонските и бугарските историчари одбиваат да ги потпишат записниците за состаноците, во зависност од тоа кој го дава предлогот. По последната средба на комисијата, се чини двете страни се уште подалеку од постигнување на компромисни решенија, а на површина испливуваат низа проблеми и недоразбирања, коишто го продлабочуваат јазот и водат до нула напредок во разговорите.

Дојче Веле