Бугарски „24 часа“: Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Софија за Скопје

0
73

Данска и Холандија го поддржуваат бугарското вето за пристапните преговори на Македонија, пишува бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори. Изворот на весникот тврди дека и да нема спорни прашања за Македонија, постои големо неодобрување за преговарачката рамка за Албанија.

„24 часа“ потсетува дека пред два дена еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји, побара од земјава да вложи напори за изнаоѓање на решение со Бугарија. Во меѓувреме тече состанокот на мешовитата комисија за историски прашања, а македонската Влада продолжува со напорите да се договори со Софија и да oвозможи почеток на преговорите со Унијата.

По блокадата од страна на Бугарија на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, за време на состанокот на ниво на амбасадори во Брисел, прашањето повторно ќе биде отворено на состанок во понеделник. За следниот ден, 8 декември, е закажан Советот за општи работи, на кој повторно ќе се дискутира за процесот за преговори на Македонија.