Бучковски во Софија: Доаѓам како пријател – Захариева со порака: Откажете се од манипулациите

0
82

Само еден ден по ветото од Бугарија на Советот за општи работи на министрите на земјите членки на ЕУ, Владо Бучковски отпатува во Софија. Тој пред неколку дена беше назначен за специјален претставник на македонската влада во преговорите за спорот со Бугарија. Како што вели, ниту тој, ниту Захариева, не можат да ја сменат заедничката историја, но можат да работат на подобрување на иднината.

„Убеден сум дека ја уверивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме подготвени да го имплементираме договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти, ако тоа е патната карта, верувам дека тоа ќе може да биде алатка каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот што претстои. Признаваме дека е нарушена довербата.“, рече Бучковски.

А, дека довербата е нарушена обвини и Захариева, која вели дека за ова виновна е македонската страна.

„Сакам да потенцирам, дека неправилно тоа се нарекува вето. Тоа е неодобрение на преговарачката рамка.“, вели Захариева