Важни информации за сите кои плаќаат сметки во Пошта

0
92

Граѓаните веќе од први март ќе можат да ги плаќаат своите сметки на шалтерите во Пошта, додека договорот со Халкбанк се очекува да биде потпишан до крајот на годината, соопшти директорот на Пошта, Јани Макрадули. Од први март плаќањата во Пошта ќе бидат со пониски провизии.

Враќањето на репутацијата која порано ја имаше Пошта е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите.

Обврска на банката е најдоцна за два месеци да започне, а јас верувам дека на први март следната година, граѓаните ќе можат да плаќаат, по најниска провизија“, изјави Макрадули.