Вакцинацијата во Хрватска започнува на 27 декември

0
85

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска најави дека вакцинацијата против ковид-19 во Хрватска ќе започне на 27 декември, како и во други земји во ЕУ, односно дека досега се обезбедени 5.905.000 дози, со цел да се вакцинираат најмалку 70 отсто од граѓаните.

Првите количини ќе се искористат за вакцинација на здравствените работници кои се во постојан контакт со заболени пациенти и на кои им се заканува најглем ризик од зараза со ковид-19, како и за персоналот и корисници во домовите за стари лица, а во втората фаза ќе се вакцинираат останатите повозрасни групи, како и хронично болните лица