(Видео)Џеј Рамадановски е погребан со звуци на 50 виолини (ВИДЕО)

0
153

Со звуците на оркестарот што ја свири песната на Џеј ,,Недела”, семејството, пријателите и колегите за последен пат се простија од пејачот.

Српските медиуми пишуваат дека први на погребот се појавиле членовите на семејството, неговите ќерки Ана и Марија, поранешната сопруга Нада, како и Андријана, жената со која живеел до смртта, како и зетот Адил Максутовиќ.

Бројни колеги дојдоа да му оддадат почит, вклучувајќи ги Марија Шерифовиќ и Кеба.

Џеј почина во неделата во неговиот дом на 56-годишна возраст од срцев удар.