ВИДЕО – Свлечиште во Норвешка голтна 12 куќи, спасувачите трагаат по 10 луѓе ВИДЕО

0
67

Десет лица беа повредени, од кои еден човек се бори за живот, откако свлечиштето однесе дел од градбите во селото Гјердрум, околу 30 километри северно од главниот град Осло.

Снимките направени од спасувачки хеликоптер покажуваат огромен кратер со уништени градби на самото дно.

Условите сѐ уште се тешки, бидејќи почвата од глина е премногу нестабилна, а температурите се ниски и паѓаат и под нулата.

„Ова е сè уште операција за спасување“, изјави шефот на полицијата Даг Андре Сил за TV2, додавајќи дека таа ќе трае се додека е потребно.

Во текот на ноќта, полицијата користела дронови со опрема за откривање на преживеани во урнатините. Хеликоптери се обидуваа да ги спуштат армијата и полицијата со кучиња трагачи на структури за кои се верува дека се доволно стабилни.

По инцидентот, се појавија прашања зошто воопшто било дозволено градење во областа.

TV2 наведува дека геолошкото истражување спроведено за општинските власти во 2005 година покажало дека станува збор за област со висок ризик за свлечиште, но дека сепак се изградени нови градби три години по објавувањето на извештајот.