ВЛАДАТА ЌЕ ИСПРАТИ 100.000 ЕВРА ПОМОШ ЗА ХРВАТСКА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ, КАЖА ШЕКЕРИНСКА

0
76

Македонската Влада ќе испрати 100.000 евра помош за Хрватска, по силниот земјотрес од 6,2 степена што денеска ја погоди земјата, ја соопшти владината одлука од денешната седница министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Најпогоден во силниот земјотрес е градот Петриња, на 45 километри југоисточно од Загреб, каде засега има регистрирано загинато едно 13-годишно девојче и десетици повредени, а градот е во урнатини. Во тек се акциите за спасување и проценка на штетата.

Засега нема информации за повредени македонски државјани, a Министерствата за надворешни работи при двете земји се во постојана комуникација.