ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија блескаво влезе во рецесија

0
212

Македонската економија блескаво влезе во рецесија, со пад во сите параметри по вина на СДСМ.

Пад од 5,9% на економијата, буџетска дупка од 920 милиони евра, раст на јавниот долг за 10%, катастрофална реализација од 39% на капиталните трошења од првиот буџет, нето одлив на инвестициите од 32 милиони евра, а над 50 илјади граѓани се невработени само во последните десет месеци.

Сега СДСМ може комотно да се преименува во партија за економска рецесија, затоа што кога и да е на власт им носи на граѓаните само поголема мизерија.

Кога се зборува за неодговорно однесување на штета на граѓаните, министерот за зараза Венко Филипче и неговото министерување не само што го срози здравствениот систем, туку на недостатокот од неговата моралност се припишуваат 1949 смртни случаи од пандемијата. Илјадниците домови и семејства со починати од КОВИД19 и коментарите во јавноста од граѓаните се прилика да се увиди како оваа власт се однесува „одговорно“ со максималната негрижа која им се приредува секојдневно во здравството. Имаме најголем број на умрени и заразени во регионот по вина на СДСМ.

Заев и оваа економски неписмена Влада ги однесе граѓаните во политичка, здравствена и економска јама, во која како давеник за сламка наместо реални и суштински политики, лиферува дневно политиканство се тоа на штета на народот.

Предизборните ветувања на СДСМ останаа да висат во загадениот воздух, за кој четири години ништо не е направено. Граѓаните дишат и живеат смрт, се тоа по вина на СДСМ и Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ