Во првите недели од наредната пролет ќе се започне со реконструкција на улицата Гоце Делчев во Тетово

0
74

Во првите недели од наредната пролет ќе се започне со реконструкција на улицата Гоце Делчев во Тетово. Ова го најави градоначалничката Теута Арифи, која секоја година на последниот ден од годината ги посетува тетовските пожарникари

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, вели дека не се работи на одолговлекување на градежните работи за реконструкција на улицата како што вчера обвини пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ Александар Велјановски. Претходела процедура за обезбедување на средствата од Светска банка како за улицата Гоце Делчев така и за улицата Ѓоце Стојчевски Амбарче.

Таа се пофали и со други инфраструктурни зафати
Арифи традиционално на последниот ден од годината и денеска ја посети Територијалната противпожарна единица Тетово.