Во САД доколку не се вакцинираш ти следува отказ

0
118

Во Велика Британија започна масовна вакцинација на населението, откако властана оваа земја прва одобри употреба на вакцината, Официјална потврда на здравствените власти се очекува деновиве и во САД, за имунизацијата да започне што побргу.

Сепак, ставовите за тоа дали вакцинацијата треба да биде задолжителна и за кои групи на граѓани, сè уште не се прецизирани. Различни се мислењата и на државните органи и на граѓаните, што им носи дополнителни главоболки на работодавците.

Адвокатот од Далас Роџи Дан вели дека некои од неговите клиенти, кои водат компании од областа на производство на храна и пијалоци, тежнеат кон тоа да вакцината против ковид-19 да стане задолжителна и тие не сакаат да слушаат „не“ од работниците. Тој дури додава дека, според законот што е на сила во САД, работодавачот може да го принуди работникот да прими вакцина, а ако не сака – има право да го отпушти.

Според овој правен експерт, вакцината им ветува на работодавците враќање во некоја нормална форма, која е повеќе од потребна доколку компаниите сакаат да остварат профит. Сепак, постојат неколку исклучоци во овој случај.

Прво, колективниот договор може да вклучува преговори со синдикатот пред да се побара вакцинација. Законите против дискриминација предвидуваат и одредени мерки за заштита, а во САД постои Закон за Американците со попреченост, според кој работниците кои не сакаат да се вакцинираат од медицински причини имаат право да бидат исклучени. Во тој случај, работодавачот мора да им обезбеди разумни услови, како на пример, да им даде дозвола да работат од далечина.

Исклучок може да бидат и оние кои поради своите религиозни убедувања не сакаат да се вакцинираат.

Се разбира, тешко е да се процени кој би имал право да се повика на „изземање“ во новите околности, а кој не, и кој воопшто би се одлучувал за тоа.