Во Тетово приведени се тројца дилери на кокаин и запленети се над 2.000 парчиња пиротехника

0
69

Полицијата денеска на наплатната станица Желино сопрела патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И,(31) и С.Б (31) од село Градец и А.Ш. (32) од Гостивар, кај кои при извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин.

Како што информираат од МВР, лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово.

Воедно, од МВР информираат дека на тетовскиот градски плоштад во Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника.