Во Тетовско за зборување на телефон при возење изречени 66 казни во ноември

0
73

Од СВР Тетово потенцираат дека зборувањето на мобилен телефон, претставува и честа причина за сообраќајни несреќи, поради што до возачите се апелира да се воздржат од користење на вакви апарати додека го управуваат возилото.

-Користењето на мобилен телефон во голема мерка им го одвлекува вниманието на возачите и ја доведува во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите дека користењето на мобилен телефон за разговор, пишување пораки или за други цели при управување со возилото претставува прекршок за кој е предвидена парична глоба од 40 евра во денарска противвредност, согласно член 24 точка 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информираа од полицијата