Вработените во Влада ќе се тестираат преку приватна лабораторија

0
56

Вработените во Владата ќе се тестираат за Ковид 19 на приватно. Службата за општи и заеднички работи склучила договор со приватна лабораторија за 260 ПЦР тестови од кои еден чини 1900 денари, или, како што велат од прес службата ја постигнале најниската цена. Договорот е потпишан пред 12 дена за што од државниот буџет издвоиле 8000 евра. Во документот доставен до Бирото за јавни набавки е наведено дека – Договорниот орган се соочил со потребата од непланирани, зголемени и дополнителни активности за превенција од ширење на болеста и со ребалансот на Буџетот во ноември 2020 година, издвоиле пари и за оваа намена. Колку е етичка оваа постапка и дали е нарушена довербата во државните лаборатории, секотори за односи со јавност писмено ни одговорија дека на тендерот право на учество имале сите лаборатории вклучително и Институтот за јавно здравје. Но избрана е приватна компанија со која е постигната најповолната понуда.

Но премиерот не е запознаен со овој договор за набавка на тестови и вели дека има апсолутна доверба во ИЈЗ.

-Не сум запознаен со ваков договор, ако има таков сигурно е со причина за подобро справување со ковид кризата. Инаку, секако, имам апсолутна доверба во ИЈЗ, вели Зоран Заев.

Многумина реагираат на оваа владина постапка, не само поради фактот што со народни пари купуваат тестови од приватна лабораторија, туку и лош пример за државното здравство каде граѓани не моѓат да добијат термини за тестирање.

Сител