Груби за 360°: Не сум повреден, ниту ја познавам личноста која го искрши автомобилот, ниту ги знам мотивите

0
85

политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, за 360° потврди дека денеска пред Собранието бил искршен неговиот службен автомобил. Но, вели, ниту ја познава личноста која го направила тоа ниту му се познати мотивите.

„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. (38 години), пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 Програмата. Не сме повредени ниту јас ниту некој од мојата придружба. Не ја познавам личноста, ниту ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“,

вели Груби за 360°.