ЗАЕВ + ДОНЕСОВМЕ И ОДЛУКА ИНСПЕКТОРИТЕ КЛЕТВА ДА НЕ ГИ ФАЌА

0
98

Премиерот Зоран Заев денеска беше во работна посета на Тетово каде, заедно со министерот за економија Кресник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Стојко Пауновски, го пушти во употреба реновираниот државен објект во кој сега е сместен Инспекторатот. Тој најави дека и за време на новогодишните празници испекциските служби ќе работат со несмален капацитет.

„За време на новогодишната ноќ и сите празници државната пазарна инспекција ќе работи. Имаме обезбедено подобри услови, но на инспекција ѝ имаме дадено дополнителни надлежности, како што се затварање на објекти, поднесување кривични пријави. Само така можеме да се избориме со ковид кризата и ширењето на заразата. Денеска можам да кажам дека ако пред еден месец имавме фактор на проширување на заразата 1,5, пред две недели беше 1,05, минатата недела беше 0.92 а сега е 0,8. Ова кажува дека мерките даваат резултати и ќе даваат ако избегнеме трет пик, а тоа е можно да се случи за празниците“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Кога зборуваше за успешната работа на инспекторите во изминатиов период тој рече „Донесовме и одлука инспекторите клетва да не ги фаќа, оти многу ги колнат при вршењето на работата“, и кажа дека тоа е само предновогодишна шега.