ДРАМАТИЧНО ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ: ТЕМЕЛИТЕ НА НАШАТА ДРЖАВНОСТ СЕ ВО АНТИФАШИЗМОТ НА АСНОМ

0
92

Одлуката на Бугарија да ги блокира евроинтеграциите на земјата не е европски чин и не е европско однесување се огласи премиерот Заев по бугарското вето.

Во своето обраќање Заев порача дека ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ додавајќи дека во 21 век, не е европски, ниту демократски, една земја да и кажува на друга како да ја пишува и применува својата историја .

– Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината. – изјави Заев.