Дури и Бугарите ѝ се смеат на Захариева: Нејзиното интервју го надмина и простотилакот на Борисов

0
132

Кога на ова ќе се соберат сите нејзини претходни изјави, плус изјавата на скопскиот градноначални Петре Шилегов за емисијата „Свободна зона со Георги Коритаров’ на бугарската ТВ Европа во која нејзините изјави за учеството на тогаш фашистичката Бугарија во Втората светска војна се глупости и барање на алиби , титулата воопшто не е фер ниту коректна!

Убавата Министерка си има такво гледање на работите ,и тоа си е нејзина легитимна работа, но не е лошо некој да ја информира дека на погребот на Тито имало 209 делегации од 125 земји ( а во тој момент во ОН членувале 150 земји ), а дека на нивниот „пандан“ на Тито – Тодор Живков, самата Бугарска власт на неговото семејство не дозволила т.н. државен погреб, туку само приватен, без присуство на ниту еден странски државник. Чисто за споредба, не за нешрто друго.

Бугарскиот сајт Frognews.bg и авторот на текстот на frognews.bg, г-дин Борис Петков вели:

„Многумина сметаа дека интервјуто на Борисов за еден друг германски весник. „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ е ненадминлив за неизвалканиот , автентичен простотилак, но Захариева упатува сериозна понуда да го престигне ( фотофиниш н.з. ). (Постои огромна шанса таа да биде вклучена во списокот „Тиква на годината“ на Фрог Њуз).
Точно е дека британскиот политичар Винстон Черчил го навлече цитатот, но некои работи треба да се потсетат. На пример: „Дипломат е личност која ќе размисли двапати пред да каже нешто“. Или: „Поразот е една работа, а срамот е сосема друга.“ Захариева го исполнува значењето на двата израза.“

Дополнително додава историски коректни факти и вели:
„Не знам што слушаше или читаше Захариева, но таму немаше ништо за Тито и Југославија. Во спротивно,таа би знаела дека Јосип Броз, познат како Тито, беше организатор на југословенскиот герилски отпор од 1941 година до крајот на Втората светска војна во 1945 година. Под команда на Тито, отпорот се бори со трупите на Хитлер и со локалната четничка прохитлерска армија. Југославија е една од земјите со најголем број на жртви за време на Втората светска војна по глава на жител (околу 1,7 милиони луѓе од население од 15 милиони жители), заедно со Полска и Советскиот сојуз. Тито беше првиот шеф на државата што отворено му се спротивстави на Сталин по неговата победа над нацизмот. Беа направени неколку обиди за атентат врз него, за кои се верува дека се дело на советските тајни служби.

Тито беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, кое играше важна улога за време на Студената војна. Се разбира, неговото правило може да биде критикувано за многу работи, но смешно е да се споредува со Хитлер. Зарем Захариева, откако не успеа да стори нешто значајно во споровите со Македонија, реши да го вмеша Белград во скандалот?

И да им кажете на германските медиуми како е градоначалникот на Берлин да организира прослава на Фирер е целосен ИДИОТИЗАМ“