Д-р. Милена Стевановиќ: Пациенти губиме за секунда и по 8 недели лекување

0
71

Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена стевановиќ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа појасни дека здравствените работници за прв пат се соочуваат со крајно непредвидлив вирус, од кој битката со него ја губат и пациенти кои ги лекуваат и цели 8 недели.

-Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда., вели Стевановиќ