Жителите на Чегране, Форино и Чајле најавуваат блокада на Гостивар-Тетово

0
98

По заедничката средба на претставници на месните заедници на селата Чегране, Форино и Чајле, заклучено е дека од вторник ќе се излезе на блокада на патот Гостивар – Чајле ако до понеделник во 19 часот Македонија пат не почне со асфалтирањето на регионалниот пат Чајле-Форино.

ЈП Македонија пат оваа работа требаше да ја заврши многу порано. Најавена е и блокада на главните улици во Гостивар.

Ако и ова мерка нема да влијае, тогаш ќе се продолжи со блокирање на магистралниот пат Гостивар-Тетово, наплатена рампа Гостивар, најавуваат жителите на Чајле, Форино и Чегране.